Известување за понуда за промена на условите за сервисирањето на кредитните обврски на клиентите на ФД Фактор Труст

Врз основа на Врз основа на член 6 од Уредбата со законска сила за примена на законот за финансиските друштва за време на вонредна состојба (Службен весник на Република Северна Македонија бр.90 од 04.04.2020 година), а со цел надминување на потешкотиите со кои би се соочиле клиентите во овој тежок период настанат поради Корона-кризата, ФД Фактор Труст објавува јавна понуда за промена на договорните услови за кредитните обврски на клиентите на друштвото.

Јавната понуда се однесува за клиентите на ФД Фактор Труст – правни лица, кои немаат доспеани обврски над 30 дена заклучно со 31 март 2020 година.

ПРЕДЛОГ МЕРКИ за олеснување на кредитните услови (предложени од Фактор Труст)

  • Продолжување на рокот на доспевање на постоечките краткорочни кредитни обврски со еднократно доспевање, за клиенти кои немаат доспеани обврски над 30 дена заклучно со 31.03.2020 година
  • Максималниот рок на продолжување на постоечките кредитни обврски е 60 дена од денот на доспевање.
  • Каматата што ќе се пресметува на продолжениот рок, ќе биде во висина на договорната редовна камата.

Оваа понуда важи 10 (десет) дена од денот на објавување заклучно со 18.04.2020 година.

Клиентите, кои немаат доспеано обврски над 30 дена заклучно со 31 Март 2020 и се соочуваат со потешкотии во работењето, предизивикано од пандемијата може да достават барање по електронски пат со приложениот прашалник.

ФД Фактор Труст, по поднесено барање од страна на клиентот ќе одлучува поединечно за секое барање.

Мерките, условите и олеснувањата кои ќе ги одобри ФД Фактор Труст ќе бидат прилагодени и одобрени за секој клиент поединечно, согласно потребите, односно ФД Фактор Труст ќе одлучува која/и од предвидените мерки ќе ја/ги одобри на барањето на клиентот.

ФД Фактор Труст

Скопје, 07.04.2020 година