За Нас

Финансиското друштво за факторинг Фактор Труст ДООЕЛ Скопје е основано во 2010 година. Основна дејност е обезбедување на „trade finance” решенија на правни субјекти.

Друштвото е лиценцирано од страна на Министерството за финансии на Република Северна Македонија согласно законот за финансиски друштва. Главна цел на друштвото е да понуди поддршка при развојот на компаниите кои функционираат во македонската економија преку обезбедување на неопходната ликвидност, овозможувајќи им континуиран раст и непрекинат оперативен циклус

Работи согласно интерни политики и процедури, одобрени од страна на  регулатор (Министерство за Финансии). Од 2013 година го поседува и сертификатот Excellent SME MACEDONIA издаден од страна на меѓународната бонитетна куќа Coface – Croatia, кој претставува потврда дека Фактор Труст е дел од најуспешните и достојни на доверба компании од Македонија.

Во 2019 година ФД Фактор Труст станува прва македонска членка на меѓународната организација за факторинг на независни факторинг компании Factor Chain International.

Визија

Преку обезбедување на флексибилни решенија за финансирање, специјално прилагодени на потребите на нашите деловни патнери да бидеме катализатор за раст и развој на Македонските компании.

Вредности

Транспарентност

Да бидеме коректни и транспарентни во сите бизнис зделки со нашите клиенти, партнери, колеги и надлежни органи со цел да изградиме долгорочно партнерство.

Ажурност

Само преку постојана свесност за случувањата околу нас и посветеност на само-подобрување, можеме да им обезбедиме најдобри финансиски решенија на нашите клиенти.

Ефикасност

Преку брзо и ефикасно работење да им заштедиме време и пари на нашите клиенти.

Флексибилност

Веруваме дека секој бизнис е посебен (различен). Нудиме креативни решенија за специфичните потреби на секој клиент.

Политика на квалитет

  • Основно определување во Политиката за квалитет на раководството е да ги задоволи потребите и барањата на корисниците со постојани висококвалитетни услуги.
  • Целта на политиката на квалитет е низ дефинираниот систем за квалитет, да се обезбеди квалитет на услугите што се нудат на корисниците.
  • Под квалитет подразбираме, целосно исполнување на потребите и барањата на нашите корисници на услуги, утврдени преку договори, тендерска документација, повратни информации од корисниците и спроведување на пропишаните барања на меѓународните и националните стандарди, закони и прописи.
  • Добрата деловната култура во комуникацијата со корисниците и грижата за истите е стратешка определба на раководството на ФД Фактор Труст.
  • Наша определба е постојано подобрување и усовршување на услугите, начинот на давање и брзина на реализација на услугите и постојан контакт и соработка со корисниците.
  • Сите вработени прифаќаат на своите работни места да ги извршуваат задачите во согласност со утврдената политика на квалитет и системот за квалитет во целост.
  • Постојаното образование, усовршување на раководството и вработените се гаранција дека нашите цели на квалитет се дофатливи.
  • Сите вработени ќе се залагаат постојано да го исполнуваат барањата на стандардите ISO 9001:2008.