Финансиското друштво за факторинг Фактор Труст ДООЕЛ Скопје е основано во 2010 година. Нашата основна дејност е обезбедување на „trade finance” решенија на правни субјекти (факторинг и кредити, како и консултантски услуги поврзани со истите).

Друштвото е лиценцирано од страна на Министерството за финансии на Република Македонија согласно законот за финансиски друштва. Нашата главна цел е да понудиме поддршка при развојот на компаниите кои функционираат во македонската економија преку обезбедување на неопходната ликвидност, овозможувајќи им континуиран раст и непрекинат оперативен циклус.

Во 2013 склучивме договор за стратешко партнерство со Advance Global Capital, меѓународен фонд со седиште во Лондон. Заедно обезбедуваме специјализирани финансиски продукти чија цел е поддржување на растот на малите и средни компании, овозможувајќи отварање на нови работни места и зголемување на капиталот во локалните заедници.

Работиме согласно интерни политики и процедури, одобрени од страна на нашиот регулатор (Министерство за Финансии). Дополнително, применуваме систем за управување во согласност со EN ISO 9001:2008 стандард, сертифициран од страна на TUV Austria Cert. Од 2013 година го поседуваме и сертификатот Excellent SME MACEDONIA издаден од страна на меѓународната бонитетна куќа Coface – Croatia, кој претставува потврда дека сме дел од најуспешните и достојни на доверба компании од Македонија.