Освен факторинг, ФД Фактор Труст нуди специјано структуирани кредити за компании на кои им е потребно финансирање на постоечки или пак планирани комерцијални трансакции. Типовите на кредити вклучуваат:

Кредити за финансирање на продажба

Кредити наменети за финансирање на идна продажба се специјализирани решенија за финансирање, базирани на порачки кои се направени кај одредена компанија. Кредитот се одобрува на компании кои имаат потреба од финансирање на репро материјали, производствен процес или пак пакување, како и потреба од обртен капитал со цел да исплатат трошоци како плати и сметки. Кредитот се враќа откога ќе биде извршена испораката и откога ќе пристигне плаќањето од страна на клиентот на компанијата.

Останати Кредити

ФД Фактор Труст нуди специјално структуирани кредити, креирани согласно потребите на компанијата. Компаниите можат да не контактираат со цел да дознаат дали ФД Фактор Труст може да го понуди финансирање кое одговара на нивните специфични потреби.