ФД Фактор Труст во соработка со Advance Global Capital, нуди специјализирани решенија за финансирање на добавувачкиот ланец на големите компании. „Supply chain finance“  е финансиски инструмент којшто овозможува интегрирано финансирање на процесот на набавка на клиентот.

ФД Фактор Труст, за одреден дисконт, откупува недоспеани фактури издадени од страна на домашни мали и средни претпријатија (МСП) кои продаваат на големи компании, при што ФД Фактор Труст ќе му овозможи на клиентот рокови на плаќање до 120 дена.

Предностите на овој метод на финансирање за клиентот вклучуваат зголемени денови на плаќање што дополнително ја зголемуваат ликвидноста, подобри усови за преговарање со добавувачите како и  подобрување на репутацијата кај сите соработници.

Добавувачите се во можност да обезбедат дополнителна ликвидност преку алтернативен извор на финансирање кој не го зголемува нивото на нивното задолжување, овозможувајќи им поголема контрола врз нивните финансии. Дополнително, ФД Фактор Труст обезбедува специјализиран систем за менаџирање на фактури, со што добавувачите ќе можат да се фокусираат на нивната основна дејност.

Процесот е организиран преку „on-line“ платформа којашто овозможува брзо и едноставно финансирање за добавувачите и овозможува тековно следење на сите трансакции.

 

22