Основно определување во Политиката за квалитет на раководството е да ги задоволи потребите и барањата на корисниците со постојани висококвалитетни услуги.

Целта на политиката на квалитет е низ дефинираниот систем за квалитет, да се обезбеди квалитет на услугите што се нудат на корисниците.

Под квалитет подразбираме, целосно исполнување на потребите и барањата на нашите корисници на услуги, утврдени преку договори, тендерска документација, повратни информации од корисниците и спроведување на пропишаните барања на меѓународните и националните стандарди, закони и прописи.

Добрата деловната култура во комуникацијата со корисниците и грижата за истите е стратешка определба на раководството на ФД Фактор Труст.

Наша определба е постојано подобрување и усовршување на услугите, начинот на давање и брзина на реализација на услугите и постојан контакт и соработка со корисниците.

Сите вработени прифаќаат на своите работни места да ги извршуваат задачите во согласност со утврдената политика на квалитет и системот за квалитет во целост.

Постојаното образование, усовршување на раководството и вработените се гаранција дека нашите цели на квалитет се дофатливи.

Сите вработени ќе се залагаат постојано да го исполнуваат барањата на стандардите ISO 9001:2008.