Што е факторинг?

Факторингот е финансиска трансакција кога една компанија ги продава своите краткорочни недоспеани побарувања на трета страна (наречена фактор) за одреден дисконт, а воедно паричните средства што ги добива во замена ги користи за финансирање на бизнисот. За разлика од банкарскиот кредит, факторингот вклучува продажба на побарувањата и нивна конверзија во кеш, што значи подобрена ликвидност без појава на зголемено задолжување во билансите.

Како функционира факторингот?

Вршиме проценка на кредитната способност на нашите клиенти и на нивните должници пред да одобриме револвинг лимит, на чија основа ќе можат да ни ги продаваат нивните побарувањата во рамките на одбрениот лимит. За секоја фактура што ја откупуваме, исплаќаме помеѓу 70-90% од нејзиниот износ, намалено за провизија за обработка. Парите се плаќаат директно на сметката на продавачот. Останатиот дел од износот, намален за каматата, враќа назад по извршената уплата од страна на крајниот должник.

Зошто да одберете факторинг?

Факторинг е флексибилна финансиска трансакција која се повеќе се користи од страна на компаниите кои работат со производство, продажба на големо, а дури и компании кои работат во услужниот сектор. Факторинг производите се идеални за компании, особено кои работат во некои од производствените сектори, кои продаваат производи на одложено плаќање, додека пак истовремено се обврзани да плаќаат авансно, или пак на кратки рокови, кон своите добавувачи. Со користењето на факторингот, компаниите се во можност да ги изедначат своите парични текови со потребите на бизнисот. Факторингот е исто така одличен за компании кои имаат високи нивоа на раст, и имаат голема потреба од зголемување на ликвидноста со цел да го финансираат нивниот раст.

Со продавање на нивните побарувања, нашите клиенти се во можност подобро да ги планираат своите парични текови и да ја подобрат ликвидноста на својата компанија, осигурувајќи стабилно финансирање. Дополнително, ние обезбедуваме намалување на кредитниот ризик, со тоа што внимателно ја следиме кредитоспособноста на должниците.

Предности на факторингот

  • Подобрување на ликвидноста на компаниите, бидејќи добиваат предвидливи парични текови и стабилизирање на работењето
  • Компаниите се во можност да бидат пофлексибилни при преговарање на условите за работа со потенцијални клиенти
  • Факторингот им овозможува висок раст на компаниите со тоа што добиваат постојано финансирање кое зависи од нивната продажба, и може да го следи нивниот раст дури и кога традиционалните извори на финансирање се истрошени
  • Со користење на факторинг, компанијата добива конкурентна предност во споредба со нејзините конкуренти, со тоа што можат да преговараат за подобри услови за плаќање со нивните купувачи и/или добавувачи
  • Бидејќи факторингот не се смета за кредит, и дополнително ја подобрува сликата во финансиските извештаи на компанијата, компаниите се во можност да добијат подобар пристап до кредитни линии
  • Со користење на факторинг, клиентите добиваат пристап до информации за кредитоспособноста на своите клиенти.