Домашен факторинг

Домашниот факторинг е финансиска трансакција, при која ние ги откупуваме вашите недоспеани краткорочни побарувања од домашни должници, најчесто со право на регрес.

Домашниот факторинг е најкорисен за компании кои работат во областа на производство коишто ги продаваат своите производи на одложено плаќање, додека пак истовремено се обврзани авансно да плаќаат за репро материјалите кои тие ги користат во процесот на производството. Домашниот факторинг е погоден за  услужните компании кои имаат потреба веднаш да добијат средства за нивните побарувања, како и за македонските увозници кои ги дистрибуираат своите производи и истите ги нудат со одложено плаќање.

Нашата флексибилност ни овозможува во релативно брз период да обезбедиме на нашите клиенти парични средства, што го прави овој производ идеален за компании кои имаат одложени побарувања спрема домашни должници, а имаат итна потреба за финансиски средства.

Извозен факторинг

Извозниот факторинг е производ наменет за Македонските извозници кои имаат побарувања од странски должници, настанати како резултат на остварен извоз на стоки и услуги.

Најчесто, овој тип на факторинг го работиме во соработка со Македонска Банка за Поддршка на Развојот (МБПР) кои се јавуваат во улога на осигурители на побарувањето. МБПР обезбедува осигурување од кредитен ризик. Осигурувањето е инструмент за менаџирање на ризик, со којшто побарувањата кои компанијата ги има од извоз се заштитени од негативни настани како на пример неплаќање или пак банкрот на должникот.

Алтернативно, ние нудиме и Двостепен извозен факторинг, при што ние како Извозен Фактор обезбедуваме финансирање врз основа на побарувањата, додека пак локален Увозен Фактор обезбедува услуги во доменот на наплата на побарувањата, контрола на кредитниот ризик, и заштита од неплаќање од страна на должникот.

Извозниот факторинг е најпогоден за македонски производители кои се пробиваат на странски пазари, а коишто имаат потреба од ликвидни средства, како и заштита од кредитен ризик, со цел да понудат одложено плаќање и воедно да ја зголемат продажбата.

Увозен факторинг

Увозниот факторинг е наменет за странските компании коишто ги извезуваат своите производи во Македонија.

Увозниот факторинг е начин на којшто компаниите кои извезуваат во Македонија можат да го намалат ризикот за наплата од Македонските компани такашто ќе добијат авансно плаќање за испорачаната стока од страна на ФД Фактор Труст, така што ќе имаат можност да ја зголемат нивната продажба на Македонски компании.

Компаниите кој вршат увоз во Македонија можат да им го предложат овој производ на нивните странски добавувачи како би добиле подобри услови на плаќање и во исто време да го зголемат обемот на стоки коишто можат да го увезат.

Добавувачки факторинг

Со Добавувачкиот факторинг, ние сме во можност да ги платиме авансно Вашите обврски по фактури кон Вашите добавувачи, при што би добиле подобри услови за плаќање од нас. Целта на производот е да добиете дисконт од Вашите доверители за авансно плаќање на фактури кои првично биле со одложено плаќање, но истовремено да добиете и подобри услови на плаќање.