Колкави се трошоците за факторинг?

Цената на факторинг услугата вклучува факторинг провизија која се пресметува од износот на откупеното побарување, и каматната стапка која е променлива, во зависност од движењето на каматните стапки.

Потребни ни се детални информации за поединечна пресметка, пред да можеме да Ви дадеме ценовна понуда. Условите најчесто зависат од продажбата, структурата на должникот, бројот на фактури, бројот на должниците, а со извозниот факторинг и земјите кон кои е извозот. Трошоците можат да вклучат и осигурување на кредитниот ризик.

Дали вршите откуп на доспеани побарувања?

Моментално откупуваме само недоспеани фактури, бидејќи целта на продуктите е да им помогнеме на нашите клиенти да ја подобрат ликвидноста на нивните компании, но не и да вршиме наплата на спорни побарувања.

Колку време е потребно да се одобри лимит за факторинг?

Потребно ни е до 7 дена да ја комплетираме анализата за да понудиме ревовинг лимит и очекувани трошоци, сметајќи од моментот откако ќе ги добиеме сите потребни податоци. По  потпишувањето на рамковен револвинг лимит, ние сме во можност да ја извршиме исплата на авансот за факторинг во истиот ден кога ќе го добиеме и барањето за откуп на побарувања, доколку сите претходни услови бидат задоволени.

Како факторинг влијае на балансот на состојбата?

Преку факторинг добивате инстантна ликвидност од Вашите средства. Ослободените ликвидни средства можат да бидат искористени за намалување на тековните обврски. На овој начин, активата се намалува и односот на балансот на состојбата и капитал/актива може да се подобри. Со користење на факторинг, компанијата може да обезбеди дополнително финансирање, без притоа да се појави долг во нивните финансиски извештаи.

Кои индустрии не се поволни за факторинг?

Генерално, компании кои работат во сектори каде што се плаќа на рати од страна на клиентот не се поволни за факторинг. Ова е чест пример во градежната индустрија, проектното финансирање, производство на опрема и објекти, како и развој на софтвер.